дома Актуелно СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ПЕТТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ, ГЛАСАА И ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ВО...

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ПЕТТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ, ГЛАСАА И ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ВО CKAФАНДЕРИ ПОЗИТИВНИ НА KOPOHAВИРУС

Собранието денеска ги изгласа трите закони од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и фирмите погодени од пандемијата на ковид-19. „За“ гласаа 113 пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, како и двајца пратеници од мнозинството кои дојдоа во скафандери и гласаа од посебна просторија, бидејќи се позитивни на коронавирус.

ВО СКАФАНДЕР И ВОЗИЛО НА БРЗА ПОМОШ ШТО САМА СИ ГО ПЛАТИЛА, ВО СОБРАНИЕТО СТИГНА ПРАТЕНИЧКА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС
Станува збор за Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

Пред да се изгласаат овие три закони на 36. седница, Собранието ја одржа и 32. седница, на која се гласаше за 20-тина точки, за кои расправата беше одамна завршена. На оваа седница присуствуваа пратениците од мнозинството, двајцата пратеници на Левица, како и пратениците од албанската опозиција. Сите точки на дневниот ред поминаа со 62 гласа „за“, колку што изнесува парламентарното мнозинство.

Откако заврши 32. седница, во салата влегоа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.