March 28, 2024, 11:20 pm

Собранието на Косово усвои Резолуција со која се ocyдyва гeнoцидoт во Сребреница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците во Собранието на Косово, со 89 гласа „за“, ја усвоија Резолуција со која се осудува геноцидот во Сребреница. Оваа Резолуција беше поддржана од сите парламентарни групи, освен од Српската листа, која ја напушти салата.

Во сопштение на Српската листа се вели дека е срамно што институциите во Приштина никогаш не зборуваат за злосторства против Србите.

„Резолуцијата, предложена од босанските пратеници и поддржана од сите албански пратеници еднострано, без никаква основа, го напаѓа српскиот народ, српската држава и ги загрозува меѓуетничките односи, без да каже збор за страдањата на Србите, без разлика дали се во Босна или во Хрватска. или во Косово“, се вели во сопштението на Српска листа

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на нејзиниот фејсбук профил, напиша дека, со оваа Резолуција Собранието го официјализира ставот на институциите и на народот на Косово кон српскиот геноцид врз босанските граѓани во Сребреница.

„Со оваа Резолуција, Собранието го официјализира ставот на институциите и народот на Косово кон српскиот геноцид врз босанските граѓани на Сребреница. Покрај тоа, преку оваа Резолуција се осудува намерното и јавно негирање на кривичното дело ‘геноцид’. Хоророт што го доживеа цел народ во Босна и Херцеговина, а потоа и на Косово, и двете жртви на српскиот геноциден режим, мора да ја повика човечката совест дека вакви намери за истребување не се дозволени во иднина, а пред сè да има правда за злосторствата на режимот на Милошевиќ“, напиша Османи
В недела, на 11 јули, се одбележува 26-годишнината од геноцидот во Сребреница, каде што беа убиени повеќе од 8 000 мажи, босански муслимани, откако српските сили ја нападнаа „безбедната зона“ во Сребреница, во јули 1995 година, и покрај присуството на холандски војници задолжени да дејствуваат како меѓународни мировници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This