дома Македонија СОБРАНИЕТО НЕМА ПРАВО ДА МЕНУВА ИМЕ: Оттука, СДС и ДУИ и вие...

СОБРАНИЕТО НЕМА ПРАВО ДА МЕНУВА ИМЕ: Оттука, СДС и ДУИ и вие избрканите од ВМРО, не си играјте бајрам со умот!

Ниту еден пратеник во Собранието, ниту претседател на Влада, ниту еден министер НЕМААТ МАНДАТ, ниту легитимитет да МЕНУВААТ ИМЕ НА ДРЖАВА И ИДЕНТИТЕТ НА МАКЕДОНСКИ НАРОД!

Затоа вчерашната собраниска купи-продај пародија заедно со постапката за донесување одлука за пристапување кон промена на Уставот треба да биде прогласена за НИШТОВНА!

Референдумската одлука донесена на 30 септември Е НАД СИТЕ ПРАТЕНИЦИ и НАД ЦЕЛАТА ВЛАСТ!

Чл. 2 од Уставот јасно кажува КОЈ Е СУВЕРЕНОТ ВО ДРЖАВАТА кој има право да одлучува за СУВЕРЕНИТЕ ПРАШАЊА!

Тоа секако не се пратениците, ниту Собранието, а најмалку владата.

Нека ми посочи власта уставна одредба каде пратениците се уставно и деловнички овластени и надлежни да го менуваат името на мојата држава и да ми го чепкаат мојот идентитет?

НЕМА ТАКВО ОВЛАСТУВАЊЕ, НЕМА ТАКОВ МАНДАТ!

Нема затоа што името на државата и идентитет на еден народ не може да биде предмет на политичка игранка, а уште помалку предмет на политички пазар!

Само суверените граѓани можат да одлучуваат за своите иманентни права.

Правото на име и идентитет на еден народ е дел од нашиот субјективитет како граѓани.

Апсолутно право кое никој ама баш никој не може да ни го одземе.

Ако не се вразумат политичарите со игриве тогаш дефинитивно ќе настапи народот со тужби против институциите на системот.

Масовни тужби за повреда на нашето достоинство, чест и национален интегритет, нашето право да се именуваме како што сакаме, а не како што друг ни кажува!

Оттука, СДС и ДУИ и вие избрканите од ВМРО, не си играјте бајрам со умот!

НЕМАТЕ ПРАВО ДА НЕ ПРЕИМЕНУВАТЕ КАКО ШТО НЕКОЈ ДРУГ ВИ КАЖАЛ!

НИЕ ВЕ ИЗБРАВМЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ И ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ, НЕ ДА ПРАВИТЕ ПАЗАР СО НАШЕТО ДОСТОИНСТВО! ИГРАЈТЕ И ТРГУВАЈТЕ СО ВАШЕТО ДОСТОИНСТВО КАКО ШТО СТЕ ТРГНАЛЕ, ТОА НЕ Е НАША ОДЛУКА!

Откажете се од оваа неразумна и нелегална игра затоа што единствено што ќе ви остане се хартиите и квазимодовските глупирања!

Ќе се сликате со нив!

Се ова ќе биде поништено затоа што НЕМА НАРОДЕН ПЕЧАТ!