дома Македонија СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ВОДЕШЕ ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО: Советничкта листа на Заев...

СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ВОДЕШЕ ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО: Советничкта листа на Заев претставуваат срам што ги надминува границите на Република Македонија

Советникот на Зоран Заев, Ѓорѓи Калајџиев, кој зема 40.000 денари од граѓаните, од Буџетот на Република Македонија вчера го гледавме како водеше „ФолкФест“ во Валандово, во друштво со Ирена Спировска.

Граѓаните секојдневно плаќаат 850 евра за советниците на Зоран Заев. Секој ден советниците на Зоран Заев граѓаните ги чинат 850 евра. Секојдневно граѓаните и државата тонат во долгови за Заев да си ги плаќа советниците, всушност да подмирува медиумски апологети и да задоволува партиски послушници, изјави портапролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

ИРЛ објави дека поетот, текстописецот и водителот Ѓорѓи Калајџиев е првиот надворешен советник кој го поставил премиерот Зоран Заев. Договорот е склучен еден ден по формирањето на Владата, на 1 јуни 2017 година. 56-годишниот струмичанец му е советник за медиуми на премиерот, а за својот ангажман добива по 40.000 денари месечно.

Ангажиран сум на предлог и со одлука на претседателот на Владата, а моите активности се однесуваат на подготовка на брифови и документи за различни медиумски средби кои ги има премиерот, но и содржини (поенти, тези и сл.) кои подоцна ПР – секторот ги преточува во говори за премиерот“, изјави Калајџиев за ИРЛ.

Според Стоилковски, Заев за две години набилда советничка листа чиишто состав претставуваат срам што ги надминува границите на Република Македонија. Додека земјата тоне во сиромаштија со економски параметри, меѓународни оценети со 0, Заев ангажира советници, посебни советници, надворешни советници за кои државата одвојува повеќе од половина милион евра годишно.

ВМРО-ДПМНЕ и до сега укажуваше на составот и на бројноста на советниците ангажирани од Заев. Најголемиот број од оние 63 на Советничката листа на Заев по ниту еден критериум не би биле ангажирани од ниту еден нормален владин, премиерски кабинет.

Во оваа прилика би потсетиле за ангажманот на командант Хоџа од црната листа на САД, невладин советник односно на советничката листа на Зоран Заев, потоа советникот Силвио Аврамовски за кој што споредни извесни укажувања има криминално досие заради пукање во полицаец што никогаш не беше демантирано со факти, потоа за советници се поставени деца на блиски на Заев, роднини на функционери на СДСМ, партиски активисти, редовни апологети на власта низ медиумите во државата и надвор. Тука секако се и ангажирани новинари и медиумски работници- како „ФолкФест“ водителот Ѓорги Калајџиев, или новинарот од 24 вести, којшто се уште се медиумски активни додека се советници во Кабинетот на Зоран Заев.

Советничката листа на Зоран Заев ги надминува границите на Република Македонија како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, за кого српскиот претседател го посочи како човек протеран од таму и човек кој како рече крадел гаќи по трговски центри. Тие сега се економски советници и добиваат 1500 односно 1200 евра месечно од Буџетот на Република Македонија, изјави Стоилковски.