дома Хроника СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК: МВР се обидува да го прикрие и...

СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК: МВР се обидува да го прикрие и заташка случајот!

Советникот на Зоран Заев за град Скопје, Филип Андов – Сокол, човек со неколку кривични пријави за насилство во понеделникот прегазил пешак, но МВР се обидува да ја прикрие информацијата

Според допис кој беше испратен до нашата редакција, новоименуваниот советник на Зоран Заев за Скопје, Фили Андов викан СОкол, во понеделникот на улицата Јордан Мијалков, пред познатата скопска кафеана „Љуц“ удрил во пешак.

Сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот, а според сознанијата кои ги добивме Сокол управувал со скутер „Веспа Беверли“, темно сина боја која била регистрирана со бугарски регистарски ознаки.
Информациите кои ги добивме велат дека пешакот имал среќа што не се здобил со посериозни повреди, бидејќи брзината со која се движел била голема. Инфомакс, веднаш се обиде да го провери настанот во билтенот на МВР, но полицијата раководена од Оливер Спасовски нема објавено ништо во врска со инцидентот, односно сообраќајната незгода во која учествувал советникот на Зоран Заев.

Андов удрил во пешакот, го оставил скутерот и избегал од местото на настанот. Подоцна се пријавил во болница како повреден.

Во дописот кој го добивме од наш читател, се вели дека сцената каде што бил прегазен пешакот веднаш била расчистена, со цел да не се собираат љубопитни граѓани и да не се дознае кој учествувал во сообраќајната несреќа. Дури откако се било завршено гостите од околните ресторани забележале бројни припадници на полицијата кои кружеле околу местото.

Како што стои во дописот до Инфомакс, советникот на Заев веднаш почнал да врти по телефони за да добие совети како да се однсува, по што на неговите пријатели им рекол дека мора да замине во болница.

Дали е точна информацијата останува да потврдат од МВ и да се види дали воопшто ќе биде превземено нешто против советникот на Заев или тој ќе биде жртвата, а пешакот ќе одговара.

Филип Андов освен советник на Заев е сопственик на повеќе локали во Скопје.