дома Русија СОВЕТНИЦИТЕ НА ТРАМП ПОТВРДИЈА: Се разгледува укинувањето на санкциите кон Русија

СОВЕТНИЦИТЕ НА ТРАМП ПОТВРДИЈА: Се разгледува укинувањето на санкциите кон Русија

Прашањето за укинување на санкциите кон Русија се разгледува, соопшти вишата советничка на претседателот на САД Келијан Конуеј во интервју за телевизискиот канал Фокс њуз.

„Се тоа се разгледува“, одговара таа на прашањето на новинарката, дали оваа тема ќе биде дискутирана на утрешниот телефонскиот разговор помеѓу Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.

Председателот на САД Доналд Трамп утре ќе разговара со претседателот на Русија  Владимир Путин, председателот на Франција Франсоа Оланд и германската канцеларка  Ангела Меркел, соопшти портпарол на Белата куќа Шон Спајсер.