April 19, 2024, 11:05 am

Совет на амбасадори со ocтра рeакција на зakaнaтa на Бугарија за блokaда на членството во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на амбасадори го истакнува уште еднаш ставот дека на последните денови на нeприфатлив начин се доведуваат во прашање односот и соработката меѓу Република Македонија и Република Бугарија со објаснувачкиот Меморандум упатен од бугарска страна до членките на ЕУ пред започнувањето на првата меѓувладина конференција во декември оваа година со која фактички ќе започнат и преговорите на нашата земја со ЕУ.

Советот е зачуден зошто официјална Софија се определи за таков чин во предвечерјето кој очекуваме да започне со позитивни одлуки и оценки за нашиот напредок и спремност за старт на преговорите.

Нашиот источен сосед на 31 октомври 2020, официјално преку странски медиум излезе и постави услови кои се практично уцена до нас како суверена и независна држава, притоа наметнувајќи непристојни прашања во вид на трговија со македонскииот идентитет и јазик и со факти од историјата.

Советот на Амбасадори ја смета за нeпристојна зakaната на Бугарија со евентуално блokирање на патот кон членството во Европската унија ако Македонија не признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени, како што бараат некои извори.

Советот на амбасадори отворено и со јасен став и аргументи уште еднаш нагласува дека вистината за посебноста на македонскиот народ и македонската нација се наоѓа во светските архиви во кои се чуваат документи и факти кои се предмет на обработка од страна на историчарите и во никој случај не може да биде предмет на пазарење од било која страна.

Република Македонија од 2017 година решително отвори нова страница во односите и соработката со потпишаните договори со Република Грција и Република Бугарија и искрено започна со имплементација на значајни точки во договорите како тоа и прилега на земја со проевропска ориемтација.

Советот на амбасадори дава отворена поддршка на Претседателот Стево Пендаровски и Премиерот Зоран Заев во истакнатите позиции дека со вакви услови и за вакви барања нема отстапки и компромиси.

Советот во оваа прилика ја нагласува улогата на Европскиот Парламент, Европската комисија и со големо одобрување ги толкува и прифаќа досегашните позитивните информации дека патот за почеток на преговорите е отворен додека билатералните прашања и проблeми ќе треба да се решаваат како што е тоа предвидено со европското и меѓународното право и во духот на билатералната соработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This