дома Македонија СОНК ГО ПОДДРЖА МЕГА ПРОЕКТОТ НА ГРУЕВСКИ: Со нови детски градинки ќе...

СОНК ГО ПОДДРЖА МЕГА ПРОЕКТОТ НА ГРУЕВСКИ: Со нови детски градинки ќе се подобри згрижувањето, воспитанието и образованието на децата

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија денеска излезе со поддршка за новонајавениот проект на Груевски за изградба на 140 нови детски градинки.

Според СОНК со најавата за изградба на нови детски градинки ќе се  подобри  згрижувањето, воспитанието и образованието на децата од предучилишна возраст .

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков истакна дека на овој проект кој што е најавен сигурно и многу поразвиени држави од Македонија можат само да позавидат.

-Со овој проект севкупно ќе се подобри состојбата во детската заштита во нашата држава. Изградбата на 140 нови капацитети во детската заштита ќе предизвикаат зголемување на посетеноста на децата од предучилишната возраст во градинките со што ќе бидеме како држава во самиот врв на згрижување, воспитание и образование на децата од оваа возраст, истакна Неделков.

Тој изрази уверување дека секое семејство со задоволство ќе го прифати овој проект посебно младите брачни парови.

-СОНК има голем придонес во спроведување на вакви проекти што ќе бидат во правец на зголемување на квалитетот на образованието на сите нивоа. СОНК со целиот свој капацитет ќе даде максимум придонес за реализација на овој проект, а со тоа и во подобрување на образовниот процес во Р.Македонија, рече Јакимовски.

Генерален секретар на СОНК, Весна Неделковска која долги години работела во детска градинка во Скопје истакна дека изградбата на детските градинки се особено значајни за дечињата и нивниот развој.

Според неа со новите детски градинки ќе се реши еден од најгорливиите проблеми на родителите при упис на децата во градинка, а тоа е дека повеќе нема да има листи на чекање, туку сите деца ќе бидат згрижени во градинки.