дома Временска Прогноза Сончево време со утринска магла по котлините, температура до 21 степен

Сончево време со утринска магла по котлините, температура до 21 степен

Денеска претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалуваат. Во останатите подрачја времето ќе биде сончево. Минималната температура ќе биде од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на ниска облачност и услови за утринска магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

И вонаредните денови не очекува стабилно и суво со слаб ветер што ќе услови по котлините да има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.