April 19, 2024, 11:32 pm

Сончево или не, топло или не, БЕГ ќе мора да грее

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И кога надворешната температура преку ден ќе биде до 16 степени целзиусови, според измените на регулаторна комисија за енергетика, БЕГ ќе мора да испорачува парно греење во домовите на корисниците.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која ги одобри ваквите измени, соопшти дека целта е да се зголеми комфорот на потрошувачите приклучени на системот за централно греење кои во услови на пандемија се приморани подолго време да престојуваат во своите домови.

-Со измените кои ги одобривме БЕГ се задолжува во услови кога надворешната температура преку ден стигнува до 16 степени целзиусови да има испорака на топлинска енергија во домовите. Ги повикувам компаниите за зголемена општествена одговорност во состојба на пандемија. Воедно ги информирам потрошувачите дека се разгледува можноста за прекршочна постапка поради непочитување одредби од Законот за енергетика и обврските дефинирани со лиценцата за вршење на енергетската дејност, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This