дома Временска Прогноза Сончево и топло време со температура до 27 степени

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Времето во нашата земја ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од еден до шест, а максималната од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во недела времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни кон крајот на денот. Значителна промена на времето се очекува во вторник, проследена со опаѓање на температурата, пообилни врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од снег.