дома Временска Прогноза Сончево и топло време со температура до 35 степени

Сончево и топло време со температура до 35 степени

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 32 степени.

Ќе продолжи периодот на претежно сончево и топло време со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.