дома Временска Прогноза Сончево и топло со температури до 35 степени

Сончево и топло со температури до 35 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Вдолж Повардарието и на истокот ќе дува умерен северозападен, а во западните делови слаб западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до Целзиусови 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне 33 степени. Маврово 23, Охрид 27, Битола 31, Крива Паланка 27, Берово 26, Кавадарци 32, Дојран 35.

Утре во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со пораст на температурата.