дома Временска Прогноза Сончев и топол викенд

Сончев и топол викенд

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.


Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 15, Битола 17, Кавадарци 20, Крива Паланка 16, Берово 15, Дојран 21.

И утре ќе преовладува претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец.

Дневните температури ќе бидат во пораст – Скопје 23, Маврово 15, Охрид 18, Битола 21, Кавадарци 24, Крива Паланка 20, Берово 18, Дојран 25 степени.