дома Македонија СОНЧОГЛЕДИ: Како титовите пионери станаа, пропагатори на Милошевиќ и велика Србија, а...

СОНЧОГЛЕДИ: Како титовите пионери станаа, пропагатори на Милошевиќ и велика Србија, а сеа првоборци за НАТО и ЕУ

Стево Пендаровски благо кажано во најмала рака е чуден лик. Пандаровски и многу други слични на него, меѓу кои и Радмила Шеќеринска, за 1999 година беа про-Слободан Милошевиќ, чиј ставови беа цврсто против НАТО; политичка партија СДСМ пак од каде потекнуваат, кога беше на власт во 1990-тите, активно ги кршеше санкциите на ОН и беше учесник во шверцот кон Србија во име на воената машина на режимот на Милошевиќ во Босна.

Во поново време Пендаровски, како и Шеќеринска, иронично, станаа најголеми поддржувачи на НАТО во Македонија и се обидуваат ова да го продадат на македонскиот народ. Ова не е случајно – тоа исто така го покажува недостатокот на морал во надворешната политика на САД и нејзината употреба на политичка експедитивност односно добивање на поддржувачи на поранешниот Милошевиќ кои мразат да бидат Македонци со цел да му го продадат на македонскиот народ членството во НАТО.

Интересно е како децата на комунизмот експедитивно се прешалтаа од најголеми титови пионери, во подджувачи на Милошевич и големо спрската идеа, за на крајот да станат најголеми демократи, борци за човекови права и првенци на ЕУ и НАТО. Ова навидум изгледа како тешка задача, која гореспоменатите ја вршат со елан, но реалноста е сосема поинаква. Станува збор за многу слични тоталитарни идеологии, а овие ликови се одлични послушници кои се многу добри во извршување на своите задачи на теренот во замена за пари и некоја си локална моќ. Токму поради ова лесно се снајдоа во својата улога да слугуваат на новиот светски поредок, неолиберализмот и соросовата агенда, а светски тренд е некогашните првоборци на комунизмот да станат слуги на крупниот капитал, глобални корпорации и новиот светски поредок.

Последното тврдење на Пендаровски во однос на поделбата на Косово помеѓу Косово и Србија е дека ваквото делување ќе има огромни последици по Македонија. Ова е точно до одреден степен. Но, Косово може да биде поделено ако САД го дозволи тоа. Исто така, политичкиот блок на етничките Албанци во Македонија дејствува само кога е наложено да го стори тоа од Вашингтон. Пристапувањето на Македонија или не приклучувањето кон НАТО е во голема мера неважно и не нуди заштита од поделба на Македонија. Што значи дека заканите кои Пендаровски ги пренесе на македонскиот народ од име на НАТО и САД , не се закани туку реалност која кога тогаш ќе ја снајде Македонија, а многу тешко со сепаратисти ќе се справи држава без свој идентитет, обезличена и обезчестена.