дома Хроника СООБРАЌАЈКА КАЈ АМСМ: Екипи на Брза помош на лице место, едно лице...

СООБРАЌАЈКА КАЈ АМСМ: Екипи на Брза помош на лице место, едно лице полесно повредено

Едно лице е полесно повредено во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, пред АМСМ, потврдуваат од МВР за Курир.

Според информациите од полицијата во несреќата учествувале две возила, „Мерцедес“ со скопски и „Пежо“ со кичевски регистерски ознаки. Идентитетот на возачите и на повреденото лице не се познати.

Од МВР додаваат дека полицискиот увид е во тек, а по негово завршување ќе бидат познати сите информации.