дома Хроника СООБРАЌАЈКА КАЈ „ВЕРО“ ВО ТАФТАЛИЏЕ: Две лица повредени во тешка сообраќајка

СООБРАЌАЈКА КАЈ „ВЕРО“ ВО ТАФТАЛИЏЕ: Две лица повредени во тешка сообраќајка

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 13:20 часот се случила на булеварот „Теодосиј Гологанов“.

Од полицијата информираат дека сообраќајната несреќа се случила меѓу џип и „шкода“.

Двете повредени лица се пренесени во Ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“.