дома Хроника Сообраќајка кај хотел „Силекс“ во Охрид

Сообраќајка кај хотел „Силекс“ во Охрид

Сообраќајна неср еќа се случила попладнево кај хотелот „Силекс“ во Охрид меѓу две патнички возила, објави „Скопје1“.

Според МВР, во несреќата нема повредени лица, а причинета е мала материјална штета.

Едното од возилата беше подигнато со пајак-возило и тргнато од патот.

Инаку, во текот на денот повеќепати сообраќајот од центарот на Охрид до плажите во месноста св. Стефан беше блокиран. Поради напливот на туристи, тешко се минува и низ улиците во центарот на градот.

извор: Скопје1