дома Хроника Сообраќајка на „Илинденска“: Две лица со Брза помош пренесени во Градска

Сообраќајка на „Илинденска“: Две лица со Брза помош пренесени во Градска

На булевар „Илинден“ во Скопје, вчера во 10,42 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода“ управувано од В.В.(49) и патничко моторно возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Б.(47) од Скопје.

По сообраќајната незгода двајца сопатници од возилото „Шкода“, И.Д. (40) и Б.И. (41) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.