дома Хроника Сообраќајка на патот Кратово-Пробиштип: Тешко повредени малолетничка и 25-годишна девојка

Сообраќајка на патот Кратово-Пробиштип: Тешко повредени малолетничка и 25-годишна девојка

На 14.12.2021 во 19.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Кратово-Пробиштип, во атар на с.Кундино, патничко моторно возило „опел астра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(30) од Пробиштип, излетало од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката Љ.П.(25) и уште една малолетна сопатничка, двете од Пробиштип, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом во Пробиштип, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.