дома Македонија Сообраќајот надвор од градот со умерен интензитет, нема гужви на границите

Сообраќајот надвор од градот со умерен интензитет, нема гужви на границите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клиcyрите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.