дома Хроника Сообраќајот од Македонија кон Косово затворен во следните два дена

Сообраќајот од Македонија кон Косово затворен во следните два дена

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради изведување на градежни работи на магистралниот пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин („Хани Елези„ – Качаник) ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци за влез и излез од Косово и тоа на 07.12.(четврток) во времето од 09,00 до 12,00 часот и од 14,00 до 17,00 часот и на ден 08.12.(петок) во времето од 07,00 до 17,00 часот.