дома Временска Прогноза Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози во планинските делови

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози во планинските делови

Сообраќајот на патиштата во земјава се одвива по суви коловози на пониските места и претежно влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.