На три години затвор е осуден Стојан Павлески, а на една година и два месеци е осуден Цео Георгиевски, обвинети за насилство врз пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април 2017 година.
Судијката Славица Андреевска денеска оваа пресуда ја соопшти во Кривичниот суд, образложувајќи дека не е утврдено дека двајцата обвинети не извршиле насилство врз Села, но извршиле насилство во законодавниот дом.
„Во никој случај не може да се оправда насилство во Собранието и истото не смее да остане неказнето. Ако некој си зема за право да изврши насилство каде што се нопсителите на законодавната власт мора и да ги сноси последиците – истакна судијката Андреевска, која што појасни дека казната за Павлевски е повисока бидејќи тој е првиот кој го пробил кордонот и влегол во прес-салата.