дома Македонија СООПШТЕНИЕ ОД ВЛАДАТА: Не е зголемена корупцијата туку транспарентноста

СООПШТЕНИЕ ОД ВЛАДАТА: Не е зголемена корупцијата туку транспарентноста

Владата преку соопштение реагира на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал (ТИ), според кој годинава Македонија бележи пад од 13 места. Годинава земјата е рангирана на 106, а лани била на 93-то место.


Во соопштението од Владата се наведува дека за бескомпромисна борба против корупцијата ја подигнале отчетноста и транспарентноста на институции на извршната власт, но дека е потребно и независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со непартизирана антикорупциска комисија.

Од Владата наведуваат неколкуактивности што презеле за таа цел, како измени на Законот со кои на се зголемуваат надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата, потоа усвоена е Стратегијата за транспарентност на Владата, лансиран е порталот „Отворени финансии“ со којна увид на јавноста ги става сите минати, сегашни и идни финансиски трансакции, на буџетските корисници од Буџетот.