дома Локално СООПШТЕНИЕ ОД ЈСП: Нeмa да важат бecплатните билети на учениците за време...

СООПШТЕНИЕ ОД ЈСП: Нeмa да важат бecплатните билети на учениците за време на летниот распуст!

ЈСП денеска преку соопштение информира дека поради завршувањето на учебната година 2018/2019, бecплатните билети за учениците нeмa да важат за време на летниот распуст.

Бecплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни,а на средношколците до 20 јуни.

ЈСП Скопје нуди можност основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари (за еден месец).

За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави книшка на увид.

Бecплатните студенстки билети ќе важат и за време на летото.

Тие информираат и дека од понеделник, (10.06.2019 година), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред.