дома Македонија Сопственикот на „Вез Трејд“: Не сум „фризер”, туку наставник, обучувач, консултант

Сопственикот на „Вез Трејд“: Не сум „фризер”, туку наставник, обучувач, консултант

Сопственикот на „Вез Трејд“, Зоран Златковски ги отфрла сомневањата дека се работи за злоупотреба што фирмата добила 270 илјади евра грантови од Националната агенција за европско образование и мобилност. Во писмена изјава испратена до медумите Златковски вели дека тој не фризер, туку наставник, обучувач, консултант кој работи на полето на образованието во последните 25 години како професор по стручни предмети и координатори на бројни проекти.

И тоа е неспорен факт кој не дозволува со потценувачки и омаловажувачки пристап да се објавува како “фризерница добила 270.000 евра грантови. Прво, не добила фризерницата, туку добила фирмата Вез Трејд која има поширока дејност од само “фризерница” и прашува зарем ако е “фризерница” не смее да учествува и аплицира во образовни проекти?, вели Златковски во писмената изјава.