дома Балкан Сопственикот на „Жолтата куќа“ ги тyжи Карла дел Понте и Дик Марти...

Сопственикот на „Жолтата куќа“ ги тyжи Карла дел Понте и Дик Марти за лaжни изјaви за трговијата co opгани

Адвокатот Том Гаши, објави дека добил полномошно од албанското семејство Катучи, сопственикот на „жолтата куќа“, да покрене тужба против Дик Марти, Карла дел Понте и Хозе Пабло Барајбар.

Тој тврди дека Дик Марти престојувал во куќата на семејството без дозвола, го измами Советот на Европа со својот извештај за убиства и трговија со органи, ги измами и косовските институции кои гласаа за формирање на специјален суд, како и дека поранешниот обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, користела лажни информации во нејзината книга, кои подоцна Марти ги користела за извештајот.

Тој исто така смета дека Специјалниот суд треба да се распушти.

„Иако во домот на семејството Катучи не беа пронајдени докази за трговија со човечки органи, Дик Марти го измами и заведе Советот на Европа тврдејќи дека за време и по војната, членовите на ОВК наводно држеле стотици цивили, Албанци, Срби, Роми кои биле измачувани, убиени и нивните тела биле користени за меѓународна трговија”, изјави Гаши во објавата на Фејсбук под наслов” Одбрана на националните вредности на Албанија, бранејќи ја ОВК, против Специјалниот суд”.

Кривична пријава ќе биде поднесена и против шефот на Канцеларијата за исчезнати лица и форензичари на УНМИК, Хозе Пабло Барајбар, кој исто така, како што тврди Гаши, отишол нелегално во куќата на семејството Катучи, во потрага по докази за трговија со човечки органи, но, како што изјави, такво нешто не нашол.

Адвокатот Гаши додава дека како резултат треба да се покрене правна постапка за распуштање на Специјалниот суд создаден со „клевета и лажни изјави“, објави порталот „Косев“.