дома Македонија СОРОСОВОТО НОВИНАРСТВО ХАРА ВО ВЛАДАТА: Портпаролката на Шекеринска ѝ договорила настап во...

СОРОСОВОТО НОВИНАРСТВО ХАРА ВО ВЛАДАТА: Портпаролката на Шекеринска ѝ договорила настап во емисијата на својот сопруг

Радмила Шекеринска синоќа беше гостин во емисијата „Топ тема“ на Телма кај новинарот Боби Христов.

Лидија Јанчовска –  Христова, која од новинар од Канал 5 телевизија стана портпарол на новата министерка за одбрана Радмила Шекеринска, ѝ договорила настап на министерката во емисијата на својот сопруг Боби Христов на Телма, „Топ тема“.

Вака изгледа сликата за медиумите и состојбата во оваа сфера и вака изгледа замислата за демократија за која СДСМ се бореше, за на крајот да се види дека сè се сведува во битка на фотелји и позиции.