дома Политика СОРОСОИДНИОТ ТАБОР НА НОЖ ГИ ДОЧЕКА ЛИСТИТЕ: Најчевска разочарана од СДСМ, имала...

СОРОСОИДНИОТ ТАБОР НА НОЖ ГИ ДОЧЕКА ЛИСТИТЕ: Најчевска разочарана од СДСМ, имала црвени линии кои немала да ги помине!

Продолжуваат жестоките реакции на опозициските поддржувачи кои на нож ги дочекаа листите на СДСМ за претстојните избори.

Евидентно е незадоволството и разочараноста во опозициските редови по објавувањето на листите на СДСМ. Последна во низата е универзитетската професорка и отворен поддржувач на политиките на СДСМ, Мирјана Најчевска која порачува дека „има некои црвени линии кои нема намера да ги помине“.

-Ферид Мухиќ на листа? Тоа е оној кој се изјасни за забрана на абортусот? Па ќе ги погледнам кандидатите добро. Има накои црвени линии кои немам намера да ги поминам дури ни во име на рушење на мафијата. Бараме промена а не замена, напиша Најчевска.