дома Свет СОРОСОИДНИ ДЕМОНСТРАНТИ НАПАДНАА ГЛАСАЧ НА ТРАМП: Како и во Македонија, соросоидите напаѓаат...

СОРОСОИДНИ ДЕМОНСТРАНТИ НАПАДНАА ГЛАСАЧ НА ТРАМП: Како и во Македонија, соросоидите напаѓаат неистомисленици и во САД!

Шокантно видео се појави на интернет на кое се гледа како група млади афро-американци претепуваат белец додека во позадина се слушаат крици „Ти гласаше за Трамп“ и „Не гласај за Трамп“

На вознемирувачката снимка се гледа како човекот лежи на земја, беспомошно додека демонстрантите го удираат во глава.
Инцидентот се сучил во среде бел ден.

На момент жртвата успева да стане и да направи обид да се врати назад во неговиот автомобил, извикувајќи „излегувај од мојот автомобил“ до еден од демонстрантите кој беше седнат на возачкото седиште во автомобилот.

За жал, групата повторно почна да го тепа додека тој не падна на земја.

Машки и женски глас може да се слушнат во позадина како врескаат „не го гласај Трамп“ и „ти гласаше за Трамп“, прекорувајќи го човекот поради неговиот демократски избор.

Ваква тактика на заплашување и вршење терор врз неистомислениците се случи и во Македонија, кога во екот на протестите на опозицијата криминалните банди кои беа ангажирани токму од Зоран Заев спроведуваа терор на улиците, додека ги блокираа клучните крстосници во Скопје.

Притоа, беше нападнат еден татко кој ја носел својата ќерка на лекот, но и урбаната икона на Скопје Крис, кој беше нападнат на крстосницата кај Соборниот храм во Скопје.