дома Политика СОРОСОИДНО-СДСОВСКИОТ КАМПУС НЕЗАДОВОЛЕН: Предлозите на ДУИ се штетни и не треба да...

СОРОСОИДНО-СДСОВСКИОТ КАМПУС НЕЗАДОВОЛЕН: Предлозите на ДУИ се штетни и не треба да се прифатат – формирањето на владата се потешко!

Поддржувачите на СДСМ не се согласуваат со изборот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во новиот состав на владата која лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да ја направи.

Се повеќе поддржувачи на СДСМ, своето незадоволство од пазарењето меѓу Заев и Ахмети го покажаа на Фејсбук.

-Не знам кој е точниот пазар на Заев со Ахмети ама пола од предлог министрите од ДУИ, не би им верувал ни за благајници на куќен совет да бидат. Толку капитални кадровски компромиси би биле контрапродуктивни кон идејата на новото време. Ова се разбира ако сакате владата да е реформска, ако не супер е и вака, напиша на Фејсбук членот на т.н. „Шарена револуција“ и брат на Ермира Мехмети, Замир Мехмети.

-И јас, Геро, бев одлучил да не коментирам за составот на новата влада, но не можам да одмолчам што мислам за некои предлози на Али Ахмети. Се разбира доколку она што се појавува на ФБ е точно. Мислам на предложените министри Садула Дураку и Бујар Османи. За нив не е потребно да причекаме 100 дена па да видиме што можат. И едниот и другиот можат само штета да направат. Нема зошто да чекаме 100 дена. Кога Бучковски го предложи Садула Дураку алиас Командант Вентили за министер за земјоделие во Централниот одбор на СДСМ јас гласав против и си дадов оставка на членството. И мислам дека бев прав, пишува Соросовиот платеник, Владимир Милчин.