СОРОС И ЛИБЕРАЛИТЕ ЌЕ ГО САБОТИРААТ ТРАМП: Сорос ги собрал либералите на тродневна конференција да коваат план за саботажа на првите 100 дена од мандатот на Трамп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Филантропот“ милијардер Џорџ Сорос ги собрал либералите во САД на тродневна конференција, со цел осмислување на план за борба против победникот на американските претседателски избори Доналд Трамп, пренесува американски „Политико“
soros_hilari

Според наодите на „Политико“, конференцијата започнала во неделата вечерта во хотелот „Мандарин Ориентал“, а присуствувале и шефицата на демократите во Сенатот Ненси Пелоси, како и сенаторката Елизабет Ворен.

На тродневната конференција детално се разработува стратегијата за саботажа на планот на Трамп во првите 100 дена од мандатот, кој оваа група го смета за „ужасен напад на достигнувањата на претседателот во заминување Барак Обама“. Претседателката на Демократската алијанса, клубот кој е спонзор на оваа конфернеција, Гар Ламарш најави дека ќе се спротивставува на администрацијата на Трамп. „Политико“ наведува дека, иако ретко доаѓа на состаноци на Демократската алијанса, Соросовото појавување на овој собир укажува на тоа дека е спремен да му ги „помрси сметките на Трамп“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This