дома Свет Сорос префрли 18 милијарди долари на Фондацијата, таа сега е гигант

Сорос префрли 18 милијарди долари на Фондацијата, таа сега е гигант

Џорџ Сорос подарил 18 милијарди долари од неговото лично богатство на Фондацијата отворено општество, со што фондацијата стана една од најголемите светски филантропски организации.

Средствата кои Сорос ги подарил на фондацијата се од неговото лично богатство, кое што според Форбс изнесува околу 23 милијарди долари.

Првата фондација Сорос ја основа во 1984 година во Унгарија, а Фондацијата отворено општество ја основа во 1993 година во САД. Буџетот на фондацијата за 2017. година изнесува 941 милион долари.

Таа работи преку мрежа од повеќе од 40 фондации и канцеларии во земји од Авганистан до Јужна Африка.