дома Временска Прогноза СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Поради снегот забрана за возење на три патни правци...

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Поради снегот забрана за возење на три патни правци – прочитајте пред да влезете во автомобил!

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и обратно.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Патниот правец Штип-Радовиш кај м.в.„Пилаф Тепе“, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин, е нормализиран.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.