April 25, 2024, 12:27 am

Софија бара Албанија да биде одделена од Македонија за ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Софија бара Албанија да биде одвоена од Македонија во патот на двете земји кон ЕУ. Службената влада ја усвоила позицијата на Бугарија за состанокот на Советот за општи работи на 14 декември, два дена пред самитот на европските лидери, според која нема промена на ставот – повторно ќе стави блокада за Македонија за преговарачка рамка со ЕУ.

„Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија и Република Албанија, како и на Рамковниот став за европската перспектива на Република Македонија и Албанија, усвоена од Советот на министри на 9 октомври 2019 година и поддржана со декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година“, објавија од владината прес-служба.

Истовремено, Софија верува дека Албанија е подготвена да започне преговори за членство. Но двете земји во моментов се движат во пакет кон ЕУ.

„За Бугарија, основниот принцип на сопствените заслуги на секој кандидат останува одлучувачки. Бугарија смета дека Албанија е подготвена да напредува на патот кон ЕУ и е подготвена да го поддржи усвојувањето на преговарачката рамка за земјата и одржувањето на првата меѓувладина конференција“, велат од владата.

Бугарија бара Македонија да ги исполни нејзините барања, но е под силен притисок од САД, Европската комисија и некои европски земји да ја одобри преговарачката рамка на Скопје. Дали тоа ќе се случи целосно е нејасно. Но факт е дека заедно со блокадата на македонија таа ја блокира и Албанија, затоа што огромен број членки на ЕУ се против делењето на македонија и Албанија.

Во моментов двете држави работат на нов документ со со 5+1 точки со кој треба да обезбеди имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This