дома Актуелно СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРИЈАТ:Заев, Спасовски и СДСМ ги згазија законите и го уништија...

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРИЈАТ:Заев, Спасовски и СДСМ ги згазија законите и го уништија достоинството на сите полицајци и полицајки,

Граѓаните на Република Македонија остро го осудија насилството на Бекир Асани кон полицајка, но реакциите на тоа дека МВР сака да го заташка случајот се уште поостри.

Лицемерна беше вчерашната средба на Спасовски со полицајката, која според очевидци била нападната од Асани, а вчера по средбата во МВР беше истакнато дека самата се удрила во “пајакот“.
Оваа изјава наиде на потсмев кај јавноста, но очигледен е и гневот на граѓаните дека некој сака да ги изманипулира.

Граѓаните заклучуваат дека Заев, Спасовски и СДСМ ги згазија законите и го уништија достоинството на сите полицајци и полицајки кога избраа да ги штитат Бекир Асани и коалицијата со ДУИ.

Во заштита на полицајката не застана всушност никој, освен јавноста. Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се обидоа само да ја турнат вистината на страна и да не го разлутат коалициониот партнер.

Ниту првиот човек на униформираната полиција, директорот на БЈБ Лазо Велковски не превзема ништо за поддршка на нападнатата полицајка.
Молк и од страна на Магдалена Несторовска, државниот секретар, која ниту како жена ниту како службеничка не најде збор за критика на насилството на Асани.