дома Социјални Мрежи СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА КОЅИЈАС: Вака изгледаше „пречекот“ на Коѕијас на социјалните мрежи

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА КОЅИЈАС: Вака изгледаше „пречекот“ на Коѕијас на социјалните мрежи

Социјалните мрежи не останаа должни на министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, кој вчера пристигна во Скопје на разговори со државниот врв во врска со решение за проблемот кој Грција го има со нашето име.

„Љубов во време на колера“ – напиша екс-директорот на центарот за комуникации на СДСМ Ивор Мицковски

„Стигна кранот“ – напиша „Финодете“ на Твитер, со илустрација од она што се крие под шеширот на Коѕијас. 

Поштеден не беше ниту пратеникот на СДСМ Павле Богоевски, поточно, асоцијациите со неговото име според интернет пребарувачот Гугл.

Други пак на Коѕијас му посакаа добредојде со фотографии од Александар Македонски и Сонцето од Кутлеш.

 

Коментари имаше и по однос на страствената прегракатка помеѓу Заев и Коѕијас.