дома Европа Со вакцинирани 70% од возразната популација, Малта е првата земја во ЕУ...

Со вакцинирани 70% од возразната популација, Малта е првата земја во ЕУ која постигна колективен имунитет

Малта вакцинираше 70 проценти од возрасната популација со најмалку една доза на вакцина против коронавирусот, што ја прави првата земја на Европската унија што постигнала таканаречен колективен имунитет, изјави денеска министерот за здравство на Малта, Крис Ферн.

Малта имаше просечно по три нови случаи на ден минатата недела.

„Една вакцина се дава на секои пет секунди“, рече Ферн.

Вакцинацијата во моментов е достапна за сите жители на Малта над 16 години.

Задолжителното носење маски на отворено ќе биде укинато на 1 јули за вакцинираните, сè додека вирусот остане на ниско ниво. Во Малта 417 луѓе починаа од коронавирусот.