дома Македонија СО ДОГОВОРОТ НЕ СЕ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА: Сеуште не го слушнавме Заев...

СО ДОГОВОРОТ НЕ СЕ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА: Сеуште не го слушнавме Заев да го демантира Ципрас

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „На патот кон“ на телевизијата Алсат-М истакна дека досега никој не ги демантираше изјавите на премиерот и министерот за надворешни работи на Грција дека не постои македонската нација.

-Сега веќе не сме Македонци, туку сме граѓани на Република Северна Македонија и тоа недвосмислено го кажува премиерот на соседната држава, Ципрас, претходно министерот Коѕијас, а јас од наша страна на нивните изјави не слушнав ниту еден демант. Дека тоа што тие го говорат не е точно. Напротив, слушам молк, а молчењето многу пати во минатото подразбирало и одобрување, рече Мицкоски.

Вели дека не е точен аргументот на Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев дека се сочувани националниот идентитет на Македонците и јазикот.

-Не е точен аргументот дека сочувани се националниот идентитет на Македонците и сочуван е јазикот бидејќи тоа се стекнати права. Можете да забележите и дискусија на експертската јавност на Македонија. Апсолутно, не може тоа некој да го прикажува преку една димна завеса во јавноста дека тоа е некаква придобивка за македонскиот народ или Македонците. Едноставно е, ние не само што не ги задржавме тие стекнати права, туку и ги изгубивме, потенцираше Мицкоски.