дома Балкан СО ЗАВОИ НА РАЦЕТЕ НА СОСТАНОК: Марко Ѓуриќ кој вчера беше малтретиран...

СО ЗАВОИ НА РАЦЕТЕ НА СОСТАНОК: Марко Ѓуриќ кој вчера беше малтретиран од Косовската полиција на состанок со Вучиќ

Шефот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, по апсењето и протерувањето од Косово се појави на состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претставниците на Српската партија со завој на раката.

Вучиќ и Ѓуриќ зад затворени врати разговараат за следните потези на Белград, но и на Српската партија, која најави дека ќе ја напушти косовската влада.

По состанокот се очекува Ѓуриќ за првпат да излезе со изјава по апсењето.

Српските медиуми објавија е-порака како доказ дека Канцеларијата за Ким на 23 март ја известила косовската Канцеларија за врски дека Марко Ѓуриќ планира да ја посети Косовска Митровица на 26 март.