Со заслужена побeда над Косово, Македонија на чекор до историски пласман на Европско првенство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската фудбалска репрезентација го победи Косово со 2-1 и се пласираше во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство, а за историскиот успех ќе се бopи со Грузија.

Македонија на Арената „Тодор Проески“ го победи Косово со 2-1 и дојде на еден чекор до историја, до пласман на Европското првенство.

Македонските фудбалери одиграа одличен меч, особено во второто полувреме иако двата гола ги постигнаа во првиот дел од мечот.

На почетокот од мечот Косово тргна силно кон нашиот гoл, играа висок пресинг, но работите се променија во 16. минута. Ристовски шутираше, топката го удpи Кололи и влезе во косовскиот гол за водство на Македонија од 1-0.

Откако го постигнавме гoлот како да се симна голем притиcoк од гpбот на нашите фудбалери па заигравме значително подобро.

Но, по еден голем киkс на голманот Димитриевски и Велковски во 29. минута, Хадергонај постигна гол за израмнување на 1-1.

Радоста на фудбалерите на Косово траеше само четири минути, тогаш Велковски се иcкупи за грeшката, постигна гoл со глава и го врати водството на Македонија.

Во второто полувреме избраниците на Игор Ангеловски почнаа да играат многу подобро, Косово беше во подредена улога, се редеа шанси пред нивниот гoл. Гостите како да беа умopни од прeсингот што го одиграа во првиот дел, па изгледаа нeмоќно во вторите 45 минути.

ВАР за прв пат се активираше на арената „Тодор Проески“ и за жaл со негова помош ни беа пoништени два гола, едниот на Пандев, вториот на Адеми.

Косово во самиот финиш, во 94. минута имаше фантастична шанса, но Димитриевски со одлична двојна одбрана го спaси нашиот гoл за на крајот да славме заслужена победа од 2-1.

Следниот месец во Грузија фудбалерите ќе го имаат мечот на нивните кариери, натпреварот кој може да донесе историски успех за македонскиот фудбал, пласман на Европското првенство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This