дома Европа СО КОЈ ДЕЛ ОД БРЕГЗИТ ИМАТЕ ПPOБЛЕМ? Борис Џонсон бара објаснување од...

СО КОЈ ДЕЛ ОД БРЕГЗИТ ИМАТЕ ПPOБЛЕМ? Борис Џонсон бара објаснување од Европската Унија

Британскиот премиер Борис Џонсон ја повика Европската унија во детали да ги изнесе своите забелешки во врска со неговиот план за Брегзит. Џонсон истакна дека тој веќе направил голем кoмпромис за да има нов договор.

– Она што би сакале да го слушнеме од вас е какви се вашите размислувања. Ако имате пpoблеми со кој било од предлозите, тогаш ајде да ги разгледаме деталите и да разговараме за нив. Прашањето е – Кој е приговорот на ЕУ кон тоа, кој е нивниот предлог…? Ние навистина не сме ги слушнале деталите од нив за тоа кои се пpоблемите – истакна Џонсон.