дома Здравје Со оваа утринска навика од 2 состојки ќе се подмладите

Со оваа утринска навика од 2 состојки ќе се подмладите

Двете тајни состојки на подмладувањето, како што тврдат козметичарите, се млекото и кафето.

Доколку решите оваа маска да ви стане главна утринска навика, потребни ќе ви бидат:

Мелено турско кафе
Млеко со пониска масленост

Подготовка:

Ставете го кафето во сад и додавајте по неколку капки млеко, додека не добиете густа паста. Нанесете ја маската на чисто лице, избегнувајќи го делот околу очите. Почекајте 15-20 минути за кожата да ги впие потребните хранливи вредности. Исплакнете со млака вода.

На овој начин ја регенерирате кожата, ја подобрувате циркулацијата и го изедначувате тенот.