дома КОВИД-19 (Коронавирус) Со ова темпо ќе се вакцинираме со години: Досега вакцинирани 2.860 здравствени...

Со ова темпо ќе се вакцинираме со години: Досега вакцинирани 2.860 здравствени работници во Македонија

Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 2.860 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 72.400 граѓани, а 46.810 преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство.