дома Македонија Со пуштaњето на т.н вojckа на Косово да влезе во Македонија, Заев...

Со пуштaњето на т.н вojckа на Косово да влезе во Македонија, Заев kpши Резолуција на Обединетите Нации

Вознемиреност во регионот предизвика најавата на премиерот Зоран Заев дека војската на Косово може слободно да влегува и да се шета низ Македонија. Она што мора да се каже е дека тоа не е никаква војска ниту пак армија. Оваа трупа е наречна „Безбедносни сили на Косово“ што е далеку од војска.

Овие сили се наследници на УЧК и на Косовскиот заштитен корпус. НАТО и ЕУ најпрво беа против формирање на вакви вооружени сили но потоа едноставно замижаа и сега властите во Приштина имаат премолчена согласност да продолжат со нивно трансформирање. Најголем поддржувач на овие „Безбедносни сили на Косово“ е Амбасадата на САД во Пришина.

„ Силите на безбедноста на Косово“, или како што се нарекуваат таму „Војска на Косово“, се формирани во 2018 година година по распуштањето на Косовскиот заштитен корпус. Имаат пет илјади активни војници и три илјади резервисти.

Но, она што е поважно со дозволата на Заев косовски војници да влезат на територијата на Македонија Заев ја крши Резолуцијата 1244 на Обединетите нации.Македонија за разлика од Косово е членка на ОН и должна да ги почитува сите резолуции.

Со Резолуцијата 1244 која следеше по бомбардирањето на Југославија и Договорот од Куманово се довзоли воено пристуство на Косово. Формирање на војска според таа резолуција не е предвидено.

Конкретно, Резолуцијата подразбира распоредување на меѓународни мултинационални триупи во Косово. Косовска војска, армија корпус,или пак пак безбедносни сили Обединетите нации не предвиделе.