дома Македонија СО РАКОМЕТАРИТЕ ОД КЕЛН ЌЕ ДОПАТУВААТ И СРПСКИТЕ КОМЕНТАТОРИ!

СО РАКОМЕТАРИТЕ ОД КЕЛН ЌЕ ДОПАТУВААТ И СРПСКИТЕ КОМЕНТАТОРИ!

Вардар од Келн се враќа денеска во 18.50 часот, а со нив во делегацијата ќе бидат и двајцата српски коментатори на Арена, Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ.

Навивачите веќе се организираат да ги пречекаат на Меѓународен аеродром -Скопје.

Двајцата српски коментатори ја стекнаа симпатијата на македонската јавност, пред сѐ поради професионалното коментирање, но и радоста што не ја криеа по победата на Вардар.

Ниту една македонскат национална телевизија не ги пренесуваше ракометните натпревари од Лига на шампиони.

Јавниот сервис МРТ е под силна кpитика заради одлуката да не ги откупи ТВ правата , со што нанесоа голема штeта и на македонскиот спорт, и на јавноста поради неможноста клучните натпревари да ги видат сите со коментар на македонски јазик.