дома Македонија Со сведочење на Нинџа продолжува судењето за „27 април“

Со сведочење на Нинџа продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

На денешното рочиште одбрана треба да дава обвнетиот Александар Василевски-Нинџа, кој има предложено тројца сведоци. На минатото рочиште од правото да изнесат одбрана се откажаа обвнетите Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо и Митре Питроповски.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.