дома Македонија СО СИЛА НА ВЛАСТ, НА СИЛА ВО НАТО: Албанскиот платеник Заев докажа...

СО СИЛА НА ВЛАСТ, НА СИЛА ВО НАТО: Албанскиот платеник Заев докажа дека е спремен на секакво сценарио, на штета на Македонците!

Новиот македонски премиер, албанскиот платеник Зоран Заев, кој од неодамна на сила ја превзема власта во Скопје, најави дека својата држава, наредната 2018 година ќе ја внесе во НАТО, и тоа под неуставното име на Македонија, пишува Информер.рс.

– Постојат два начина. Или решение на проблемот со името или да влеземе под привременета референца во НАТО. Многу е важно што побрзо да влеземе во НАТО и ЕУ -изјави Заев.

Растат албанските апетити

Ако ова навистина се случи, предупредуваат експертите, Србија ќе биде опкружена со НАТО членки.

Тоа, како што наведуваат доброупатени извори, дополнително ќе ги зголеми притисоците кон Белград, да се откаже од политиката на воена неутралност.

Прашан, за коментар околу овие информации, в.д. премиерот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ истакнува дека Србија нема намера да се откаже од својата политика.

– Србија , нема за ништо, да го менува својот став за воената неутралност, без оглед на притисоците или оние кои тие притисоци ги испраќаат-истакнува Дачиќ.

Божидар Делиќ, генерал во пензија, истакнува дека за се ова што се случува се знаело уште многу порано….

– Сега кога апетитите на Албанците во Скопје се задоволени, може да се премине на процедурите за прием во НАТО, бидејќи тоа го сакаат и македонците и албанците. Очигледно дека противењето на Грција е надминато. – истакнува Делиќ.

Заев уште еднаш го потврди предавството

Дека Македонија ќе се согласи да се откаже од името за да влезе во НАТО, Заев му потврди и на генералниот секретар на НАТО Столтенберг.

Заев, кој стапи на должност од 1-Јуни, ги посети веднаш седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел, во нов обид да се реши спорот со Атина, и во таа прилика порача дека новата македонска влада ќе ги ,,примени сите можни мерки , за земјата да ја доближи до членство“, пренесува АФП.

Извор.Информер рс