дома Свет СО СИТЕ СИЛИ ПРОТИВ ИЗРАЕЛ: Либанскиот генерал се заколна дека со сите...

СО СИТЕ СИЛИ ПРОТИВ ИЗРАЕЛ: Либанскиот генерал се заколна дека со сите сили ќе удри по Израел ако започне агресија против Либан!

„Либанската војска ќе ги употреби сите расположливи средства за да се спротивстави на потенцијална израелска агресија, па колку и да чини“, предупреди командантот на либанските вооружени сили Џозеф Аун

„Потврдувам дека категорично ги отфрламе повредите на либанскиот суверенитет од страна на израелскиот нерпијател, како и повредата на светото право на Либан да ги искористува своите економски ресурси“, наведе генералот Аун, а неговата порака на Твитер во понеделникот ја објави либанската војска, пренесува Ројтерс.

Аун нагласи дека либанската војска нема да бира начин да се спротивстави на израелската агресија, по било која цена.

Американските дипломати неодамна посредуваа помеѓу двете земји откако тензиите помеѓу нив пораснаа поради пограничниот ѕид кој Израел го гради и одлуката на Либан да истражува енергетски ресуси на својот брег, а во близина на спорни води, напоменува британската агеницја.

Инаку, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху пред два дена предупреди на Минхенската безбедносна конференција дека Израел ќе делува против Иран и неговите сојузници на Блискиот исток, на што тогаш реагираше либанскиот министер за одбрана Јакуб Сараф.

Тој на истиот собир рече дека неговата земја е спремна да се брани ако Израел нападне либанска територија, пренесе АП.

„Израелскиот дрон ми е над главата во претходните 15 години, но мојата земја нема воени намери ниту против тоа. Сепак, ќе се браниме. Ние сме за мир, но нема да трпиме никакви закани и нема да прифатиме никаква агресија“, рече Сараф во неделата пред учесниците на конференцијата во Минхен.